Утрински Весник
Македонија

КПУ Затвор Струмица ја проширува економијата: Осудените лица започнаа со одгледување кокошки

Kokoski 1024x575 1.jpg

Управата за извршување на санкции најави значително унапредување на работниот ангажман на осудените лица во казнено-поправната установа во Струмица. Како дел од процесот за ресоцијализација и стекнување нови вештини, затворската економија од неодамна е збогатена со развој на сопствена живинарска фарма.

Проектот започна со набавка на 50 садни кокошки, со што се отвора нов сектор за работа во рамките на установата. Оваа активност доаѓа како дополнување на веќе постоечките занаетчиски и механичарски работилници, како и досегашните земјоделски капацитети кои вклучуваат работа на ниви, свињарска и сточарска фарма.


Од Управата нагласуваат дека ваквиот вид на работно ангажирање е од клучно значење за осудениците, бидејќи им овозможува квалитетно поминување на времето и стекнување практични знаења кои ќе им бидат од корист по нивното отпуштање на слобода. Со проширувањето на живинарството, КПУ Затвор Струмица продолжува да се развива во самоодржлива единица која преку трудот на осудените лица придонесува за нивна поуспешна интеграција во општеството.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Оваа иницијатива има поширока општествена цел од образовната: да создава поактивни, посвесни и поздрави генерации 

ДНК-докази клучни во обвинението против судијата Ристов за заѕиданите 350.000 евра

Министерот Мисајловски и генералот Лафчиски на средба со американскиот амбасадор во НАТО, Витакер: Заеднички ја развиваме македонската Армија и ја зацврстуваме колективната одбрана