Утрински Весник
Македонија

Македонија и БиХ ја продлабочуваат соработката: билатерална средба помеѓу Минчев и Буноза

Img 4954.jpeg

На маргините на Министерската конференција што се одржува во Будва, во рамки на Берлинскиот процес, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари билатерална средба со министерот за правда на Босна и Херцеговина, Давор Буноза.

Средбата беше посветена на продлабочување на досегашната билатерална соработка меѓу двете институции, при што беа разгледани можностите за потпишување на меморандум за соработка како основа за поинтензивна и структурирана идни партнерска интеракција.


Во фокусот на разговорите беа реформата на јавната администрација, унапредувањето на институционалните и административните капацитети, како и размената на искуства и добри практики во насока на зголемување на ефикасноста, транспарентноста и квалитетот на јавните услуги.

Соговорниците ја потврдија заедничката определба за натамошно јакнење на соработката и континуирана размена на знаења и експертиза, со цел поддршка на реформските процеси и усогласување со европските стандарди.

Во рамки на конференцијата, министерот Минчев е предвидено да се обрати на утрешниот министерски состанок, при што ќе има и свое излагање посветено на актуелните предизвици и приоритети во областа на реформата на јавната администрација, како и на унапредувањето на регионалната соработка во контекст на европската интеграција.

Можете да прочитате

Петровска со порака за роденденот на СДСМ: Ако не се промениме, ќе исчезнеме и затоа час поскоро да започнеме со трансформација!

Возач од Крива Паланка возел во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес

Сиљановска-Давкова: Со премиерот Радев ќе трагаме по ново решение за деблокада на евроинтеграциите