Утрински Весник
Македонија

Возило излетало од пат и удрило во бетонски столб, повредени двајца малолетници и возачот

Soobrakajka.jpg

На 19.04.2026 во 08:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Долно Свиларе, скопско, патничко возило „фолксваген туран” со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(20) излетало од патот и удрило во бетонски столб.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а со телесни повреди се здобиле возачот и малолетен сопатник, сите од с.Долно Свиларе, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје.


Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Пронајдено починато лице на непристапен терен во Кочанско

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице повредено

Зајкова: Не сакам да бидам „Ванѓа”, но мислам дека и во нивиот КЗ застареноста ќе остане иста