Утрински Весник
Македонија

Нова планинарска патека на Пелистер

Big pelister lake macedonia e1759849257201.jpg

Националниот парк „Пелистер“ во соработка со Extreme Bike Team Bitola викендов целосно ја уреди планинарската патека која води од Цапарска пресека преку Горна Скала, Лоша Стена па се до селото Цапари. 

Станува збор за атрактивна маршрута која започнува од Цапарска пресека и продолжува преку Горна скала и Лоша стена, сè до селото Цапари, нудејќи уникатно искуство низ еден од најживописните делови на паркот. Особено внимание привлекува видиковецот Лоша стена, кој се наоѓа на надморска височина од околу 1.220 метри, југоисточно од селото Цапари, и важи за еден од најлесно достапните природни панорамски пунктови на Пелистер.


Од ЈУНО „Пелистер“ посочија дека овој викенд работаат и на целосно уредување на кружната вело и пешачка патека со вкупна должина од 16 km, која ќе почнува од Инфоцентар, Цапарска Пресека, Цапарски Вир, Ротинско Езеро, Голема и Мала Ливада и назад до Инфоцентар.

Овие активности се реализираат со поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање, како и Prespa Ohrid Nature Trust

Можете да прочитате

Возач на трактор тешко повреден откако се превртел близу Љубаништа

Осум пријави и четворица уапсени за семејно насилство

Малолетник на велосипед тешко повреден од камион во село Прешовце