Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски го најави почетокот на одбележувањето на значајниот јубилеј 100 години од Зоолошка градина

672680511 1499409708478980 4183233534497735194 n.jpg

Во присуство на гости, експерти и соработници, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски го најави почетокот на одбележувањето на значајниот јубилеј 100 години од постоењето на Зоолошка градина Скопје.

Тој истакна дека овој јубилеј има посебно значење како симбол на долгогодишна традиција исполнета со спомени, детска радост и трајни вредности, но и како обврска за создавање подобри услови и посигурна иднина за установата.


На настанот присуствуваше и експертот Марјо Худемакер, чија поддршка, заедно со новата енергија и стручност, ќе придонесе кон процесот на модернизација и унапредување на стандардите, со цел повторно приклучување кон Европска асоцијација на зоолошки градини и аквариуми.

Најавени се инвестиции, модернизација и нови содржини, со цел зоолошката градина да стане простор за едукација, доживување и подигање на јавната свест. Дополнително, ќе се спроведат и кампањи за поддршка и грижа за животните, преку кои граѓаните ќе можат активно да се вклучат.

Градоначалникот упати повик до сите граѓани да застанат зад оваа визија и заеднички, достоинствено и со гордост, да се одбележи големиот јубилеј  100 години ЗОО Скопје.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена

Герасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин”, инвестиција од 5,99 милиони денари

Орце повикува граѓаните на Скопје да чистат – затоа што тој не може, велат од СДСМ