Утрински Весник
Македонија

Вработени во „Тинекс“ најавуваат протест: Тврдат дека со месеци не добиле плати

Img 2728.jpeg

Вработени во синџирот маркети „Тинекс“ најавуваат протест поради, како што тврдат, неисплатени плати во изминатите неколку месеци. Незадоволството меѓу дел од персоналот расте, а според нив, состојбата станува сè потешка и неизвесна.

Во јавноста во меѓувреме се појавуваат информации за наводни сериозни финансиски проблеми во компанијата, меѓу кои и наталожени долгови кон добавувачи. Според неофицијални извори, дел од ваквата состојба се поврзува со лошо менаџирање во претходниот период.


Граѓани кои ги посетуваат маркетите посочуваат дека во дел од објектите веќе се забележуваат празни полици, намален избор на производи и послаб сервис. На социјалните мрежи се шират бројни реакции од купувачи кои велат дека ваква состојба досега не паметат.

„Необично е да видите вакви празни полици во маркет што со години важеше за стабилен и добро снабден“, коментираат дел од граѓаните.

Компанијата „Тинекс“ со децении важеше за еден од водечките малопродажни синџири во земјава, со развиена мрежа на маркети и широк асортиман на производи.

Засега нема официјална потврда од компанијата за наводите за финансиските проблеми, ниту детали за тековното работење. Неизвесноста околу состојбата во еден од најпознатите трговски брендови отвора прашања за стабилноста на секторот и заштитата на правата на вработените.

Можете да прочитате

На денот кога Кошта го потврди СДСМ – Мицкоски го апси Богоев

ВМРО-ДПМНЕ: Реципроцитет и исполнување на обврските на Бугарија а не нови отстапки

Левица: Пендаровски потврди дека ДПМНЕ гарантирало кворум за спорните измени на Кривичниот законик