Утрински Весник
Економија

Македонија со финализирана проценка за сигурно снабдување со гас по ЕУ стандарди

1000012292.jpg

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заокружи една од клучните фази во јакнењето на енергетската безбедност на државата –успешно се одржа јавната расправа за Проценката на ризик во снабдувањето со гас, во соработка со Заедничкиот истражувачки центар (JRC) на Европската комисија и претставници на домашната гасна индустрија.

Со ова, Македонија практично го финализира националниот процес на Проценка на ризик, спроведен целосно во согласност со европската легислатива за сигурност во снабдувањето со гас – чекор што ја позиционира земјата пред повеќето држави од регионот, особено во рамки на членките на Енергетската заедница.


Процесот не е само формално усогласување со ЕУ, туку суштинско зајакнување на системот: јасна идентификација на ризици, сценарија за потенцијални прекини и конкретни механизми за реакција. Со тоа, државата гради отпорен и предвидлив енергетски систем, подготвен за кризни ситуации.

Во наредната фаза, Проценката на ризик ќе биде доставена на формално одобрување до Европската комисија и Секретаријатот на Енергетската заедница. Врз основа на нејзините наоди и препораки, ќе следува подготовка на два клучни стратешки документи:

  • Превентивен план
  • План за кризни состојби

Овие документи ќе се изработуваат со директно менторство и техничка поддршка од JRC, што дополнително гарантира квалитет и целосна усогласеност со европските стандарди.

Со оваа активност, Министерството за енергетика испорачува конкретен резултат: зголемена сигурност во снабдувањето со гас, подобра институционална подготвеност и засилена регионална координација. Во услови на глобална енергетска неизвесност, ова значи стабилност за економијата и сигурност за граѓаните.

Министерката Сања Божиновска потенцира дека енергетската безбедност се гради со системски решенија и партнерства со релевантни европски институции – токму како овој процес што ја позиционира Македонија чекор пред регионот.

Можете да прочитате

Цените на нафтата паднаа за повеќе од 13 проценти

Цената на нафтата „Брент“ падна на околу 88-89 долари за барел

Пензискиот систем меѓу фонд и буџет – време е за јасни правила