Утрински Весник
Македонија

Зајкова: Свикување на Советот за безбедност и јасна стратегија за заштита на граѓаните од финансиските шокови кои допрва следуваат

Monika zajkova proletni sostanoczi mmf svetska banka 1.jpg

„Светот влегува во сериозна економска турбуленција. Земјите веќе се организираат, разговараат за економскиот раст, инфлацијата, носат мерки и водат сериозни политики за заштита на своите граѓани. Македонија не смее да доцни”, пишува претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, во својата објава на социјалните мрежи.

Претседателката Зајкова изминатите неколку денови е во Вашингтон, С.А.Д., на Пролетните состаноци (Spring Meetings 2026) организирани од ММФ и Светската Банка.


„Барам итно свикување на Националниот совет за безбедност и подготовка на јасна економска стратегија – со цел да ги заштитиме нашите граѓани од финансиските шокови кои ќе биде многу тешко да ги издржат”, вели Зајкова во објавата.

На економските форуми на настанот се презентираа податоци за глобалниот раст и можности за негов пад, како и тоа дека повеќе од 12 држави веќе бараат итна финансиска помош поради енергетскиот шок и растот на цените.

„Директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, во нејзиното обраќање повторно предупреди дека оваа криза ќе има долгорочни последици и дека ‘сите ќе го почувствуваат ударот’, а особено најранливите, во услови на најголем енергетски шок во децении”, завршува Зајкова во својата објава.

Можете да прочитате

СДСМ поднесе кривична пријава против Мицкоски за рушење на Уставот и крешење на законите

ЗНМ: По истекот на рокот за избор во МРТ, јавноста очекува кредибилен и целосно транспарентен процес

Полицаец фатен како вози со активна забрана за управување и под дејство на алкохол