Утрински Весник
Македонија

Вечерва полициска опсада во Аеродром по вооружен грабеж на казино

Img 2700.jpeg

Вистинска драма се одвива вечерва во скопската населба Аеродром, откако двајца разбојници вооружени со огнено оружје упаднале во казино во трговскиот центар „Скопјанка“ и извршиле грабеж.

Според информациите објавени од Слободен печат, напаѓачите по грабежот избегале кон кејот на Вардар, по што полицијата започнала интензивна потера низ улиците во населбата. Во тек е обид за нивно опкружување, додека целиот реон е под силно полициско присуство.


Очевидци велат дека ситуацијата е напната, а на терен се распоредени повеќе полициски екипи кои ги пребаруваат околните улици и приоди.

Засега нема официјални информации за висината на пленот кој разбојниците го одзеле, ниту дали има повредени лица.

Полицијата врши увид на местото на настанот, а потрагата по сторителите продолжува.

Фото: Слободен печат

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова во Братислава ја посети мултимедијалната изложба на дела на македонски уметници „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј”

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа

Aqua Park Пробиштип ја отвори јубилејната 15 сезона