Утрински Весник
Скопје

По 7 месеци пауза, Вардариште повторно гори, велат од „Стоп за Вардариште“

Image 2026 04 15 200014415.png

Соопштение на „Стоп за Вардариште“

По протестите и јавниот притисок што се случуваа кон крајот на минатата година, Вардариште не гореше цели 7 месеци, но денес повторно сме сведоци на истото сценарио: чад, загадување, тешка миризба и директна закана по здравјето на граѓаните. Ова е последно предупредување од наша страна!


Доколку не се испочитува договореното, не се стави целосен крај на загадувањето што го предизвикува Вардариште и ваквите палења се повторат, нема да останеме мирни, а ќе бидеме приморани и на потенцијално ново активирање на блокадите.

Ги повикуваме сите надлежни институции да реагираат итно и со највисок степен на сериозност, а Министерството за внатрешни работи да го вратат полициското присуство на депонијата.

Нема да дозволиме Вардариште повторно да го труе Скопје!

Можете да прочитате

МАТТО обезбедува проектор, Град Скопје најавува реконструкција на кино „Милениум“

Град Скопје домќин на делегација од европските градови Кемниц, Гориција и Нова Горица

ДУИ: Од „мастерплан” за Чаршијата до тендерска шема за асфалт