Утрински Весник
Македонија

ДРАМА КАКО ОД ФИЛМ: Двајца киднапирале човек и го уценувале со пиштол, добија притвор!

Whatsapp image 2026 04 14 at 16.12.26.jpeg

Основен суд Кавадарци им одреди мерка притвор од 30 дена на две лица од демиркапиското село Корешница, осомничени за тешко кривично дело грабнување на жител на Неготино.

Одлуката е донесена по предлог на Јавно обвинителство, поради опасност од бегство и сериозноста на делото.


Според информациите, настанот се случил на 12 април, кога 37-годишниот првоосомничен заедно со 30-годишен соучесник насилно го внеле оштетениот во автомобил, директно од неговиот двор. Во текот на киднапирањето, помладиот осомничен користел пиштол за да му се закани на жртвата.

Истрагата открива дека мотивот за грабнувањето бил обид за изнуда на признание под присила. Осомничените сакале да го натераат оштетениот да сними изјава во која ќе признае дека наводно извршил силување врз сопругата на првоосомничениот.

Станува збор за сериозно кривично дело за кое Кривичниот законик предвидува затворска казна од најмалку четири години.

Надлежните институции продолжуваат со истрагата за целосно расветлување на случајот, кој веќе предизвика силни реакции во јавноста поради начинот на извршување и тежината на обвинувањата.

Можете да прочитате

МНТ СО ДВОЈНА ПОБЕДА: ПРВЕНЦИТЕ ТОНИ МИХАЈЛОВСКИ И ТАЊА КОЧОВСКА НАГРАДЕНИ ВО ИСТ ДЕН НА ДВА ФЕСТИВАЛИ

Месечината е само чекор – вистинската цел е Марс

Децата природно се фасцинирани од астрономијата