Утрински Весник
Скопје

Меџити: Започнува трансформацијата на Старата чаршија – инвестиција од околу 29 милиони денари

Img 0489.jpeg

Денес на терен, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го означи почетокот на работите за реконструкција и трансформација на Старата чаршија, една од најзначајните инфраструктурни интервенции во ова историско подрачје во последните децении.

Проектот опфаќа површина од 1.567 м² и предвидува реставрација на калдрмата со травертински камен, со што се зачувува историската автентичност на Чаршијата, како и целосна модернизација на подземната инфраструктура, вклучувајќи водовод, канализација, електрична мрежа и оптичка инфраструктура.


Интервенцијата вклучува и ново осветлување во традиционален стил, уредување на пешачките површини и поставување на урбана опрема, со што се создава функционален и атрактивен простор за граѓаните и посетителите.

„По повеќе од пет децении без сериозни интервенции, започнуваме вистинска трансформација на Старата чаршија. Ова е инвестиција што го враќа урбаниот достоинство, функционалноста и живоста на овој историски простор”, изјави Меџити.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува околу 29 милиони денари, со цел Чаршијата повторно да стане модерен, функционален простор со зачуван историски идентитет.

Можете да прочитате

Четири компании во трка за електрични автобуси: Проект вреден 51 милион евра влегува во клучна фаза

Левица: При неспособност да го испорача ветеното – Ѓорѓиевски почна да ги обвинува и работниците во ЈСП бидејќи ги барале своите права

Синдикатот на културата излегува на протест