Утрински Весник
Магазин

Два црвени аларми пред брак што не смеете да ги игнорирате

Screenshot 2026 04 14 095916.jpg

Се подготвувате за брак и ги одбројувате деновите до венчавката? Возбудата е на врвот, но пред да го изговорите судбоносното „да“, важно е да ги тргнете „розовите очила“ и реално да го погледнете партнерот.

Адвокатот за разводи James J. Sexton предупредува на два сериозни сигнали за тревога кои не смеат да се игнорираат: злоупотреба на супстанци и неспособност за искрено извинување. Според него, зависностите често кријат подлабоки проблеми, додека неискрените извинувања создаваат дистанца во односот.


Првиот аларм: злоупотреба на супстанци
Во раните фази од врската, кога сме под влијание на хормони како допамин и окситоцин, лесно е да се превидат предупредувачките знаци. Сепак, Секстон истакнува дека токму овој проблем може да доведе до сериозни последици во иднина.

„Според моето искуство, најголемиот знак за тревога се проблемите со злоупотреба на супстанци. Тоа обично укажува на подлабоки проблеми со менталното здравје или односите. Дури и ако на почетокот изгледаат мали, многу често ескалираат во нешто многу посериозно“, вели тој.

Вториот аларм: неспособност за искрено извинување
Адвокатот предупредува и на уште еден сериозен проблем – партнер кој не знае искрено да се извини. Таквите извинувања не само што не помагаат, туку ја влошуваат ситуацијата и создаваат емоционална дистанца.

„Многу можете да дознаете за некого според начинот на кој се извинува. Ако личноста користи таканаречени ‘лажни извинувања’, како на пример: ‘Жал ми е што те вознемири тоа што се случи’, тогаш тоа не е вистинска одговорност“, објаснува Секстон.

Како изгледа вистинско извинување
Според него, вистинското извинување мора да биде искрено и да покажува свесност за направената грешка.

„Најдобрата форма на извинување е: ‘Знам што направив и зошто тоа те повреди. Не требаше да го направам тоа и навистина ми е жал. Да можам да го вратам времето, би постапил поинаку’“, вели тој.

Здравиот брак се темели на доверба, комуникација и подготвеност да се признаат и исправат грешките. Ако партнерот не е способен за тоа, тешко е да се очекува стабилна и среќна иднина. Луѓето ретко се менуваат, па затоа е клучно овие сигнали да се препознаат навреме и да не се игнорираат.

Можете да прочитате

Предмети во домот што изгледаат чисто, а всушност се легло на бактерии

Кози кои го шокираа светот – научниците не знаат како преживеале

Синовите ја наговориле Бритни Спирс да оди на лекување од зависност