Утрински Весник
Македонија

Утрово најстудено на Попова Шапка, попладне и во текот на ноќта локални врнежи од дожд

20260330084418 big 730x400 23.webp.webp

Утрово најстудено беше на Попова Шапка, каде беа измерени 2 степени Целзиусови. Како што соопшти УХМР, 5 Kрушево, 6 Mаврови Анови, Крива Паланка, 7 Прилеп, Скопје-Петровец, Кавадарци, Берово, Лазарополе, 8 Куманово, Виница, 9 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Охрид, Струмица, Демир Капија, 10 Тетово, Битола, Велес, Гевгелија, 11 Штип.

На Попова Шапка има и снежна покривка од 15 см.


Во текот на денот низ целата држава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 22 степени.

Во Скопје, претпладне сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 21 степен.

Можете да прочитате

Новиот закон за пушење во вторник на владина седница

Тешка сообраќајна несреќа го блокираше патот Стража – Кичево, судир меѓу три автомобили и камион

Петровска: Никој нема право да понижува и тепа жена!