Утрински Весник
Македонија

Едниот палел, другиот чувал стража – детали за опожарувањето на синагогата во Скопје

Snagogaskopje.jpg

МВР излезе со детали за обидот да се опожари синагогата во Скопје.

Како што информираат од МВР, вчера, 12.04.2026 во 07:22 часот во СВР Скопје Ј.Ј. пријавил дека на ул.„Апостол Гусларот” во двор од верски објект во Скопје забележал канистер за гориво и траги од горење.


Оттаму додаваат дека веднаш по добиената пријава од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Две лица на мотоцикл застанале пред синагогата во Скопје рано наутро во неделата. Откако ја прескокнале оградата, едно од нив носело канистер со бензин, додека другото чувало стража. И двете лица носеле заштитни шлемови, кои ги користеле за маскирање,

Претходно, претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, остро го осуди инцидентот, нагласувајќи дека ваквите дејствија не претставуваат само напад врз верски објект, туку и директен удар врз соживотот, достоинството и меѓусебната почит во македонското општество.

Можете да прочитате

Уапсен криумчар на мигранти во близина на ГП Долно Блаце, пронајдени четири лица од Индија

(Видео) Огромни колони за излез од Грција

Шест лица уапсени за семејно насилство во последното деноноќие