Утрински Весник
Македонија

Уапсени 10 возачи, осум од нив возеле без возачка

Liseni od sloboda dvajca vozaci vo veles i kavadarci upravuvale vozila so brzina pogolema od dozvolenata i pod dejstvo na alkoxol image.jpg

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило.

Од нив, осуммина управувале возило без возачка дозвола и тоа по двајца во Скопје, Прилеп и Гостивар, еден во Тетово и еден малолетник во Чашка. Еден возач во Неготино управувал возило под дејство на алкохол, а еден возач во неготинско предизвикал сообраќајна незгода возејќи под дејство на алкохол и со активна забрана за управување возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.


Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, велат од МВР

Можете да прочитате

(Видео) Огромни колони за излез од Грција

Шест лица уапсени за семејно насилство во последното деноноќие

Едниот палел, другиот чувал стража – детали за опожарувањето на синагогата во Скопје