Утрински Весник
Свет

Трамп ѝ се закани на Кина ако таа му помага на Иран

Trampgovor.webp.webp

Доналд Трамп ѝ се закани на Кина, еден од најважните трговски партнери на Америка, со царини од 50 проценти на стоки доколку Пекинг воено му помогне на Иран во војната на Блискиот Исток.

„Ако бидат фатени како го прават тоа, ќе се соочат со царини до 50 проценти, што е зачудувачки“, изјави американскиот претседател за „Фокс њуз“.


Трамп треба да отпатува во Пекинг на 14 и 15 мај, каде што ќе се сретне со својот кинески колега Си Џинпинг, откако самитот беше одложен поради војната на Блискиот Исток.

Си-Ен-Ен во петокот објави дека американските разузнавачки информации покажуваат дека Кина се подготвува да испорача нови системи за воздушна одбрана на Иран во следните неколку недели.

Телевизиската мрежа соопшти дека има индикации дека Пекинг работи на насочување на пратките преку трети земји за да го прикрие нивното потекло.

Можете да прочитате

Русија: Украински дрон ја погоди најголемата нуклеарна централа во Европа

Тројца мртви во американски напад врз брод за кој имало сомнеж дека шверцува дрога во Пацификот

Нападната воена база во Кувајт, ранети американски војници