
Од вкупно 7 527 742 граѓани кои имаат право на глас, до 13 часот попладнево, на гласање излегле 4 075 272 од избирачите во Унгарија. Излезеноста од 54,14 отсто до 13 часот, како што пишува „Политико“, е највисока од 2010 година, кога актуелниот унгарски премиер Виктор Орбан првпат ја презеде власта.
Рекорден број на гласачи излегоа на гласање во првите неколку часа од клучните избори во Унгарија.
Според официјалните податоци на Националната изборна канцеларија на Унгарија, до 13 часот попладнево, на гласање излегле 54,14 отсто од запишаните избирачи, што, како што пишува „Политико“, е највисока излезеност од 2010 година, кога актуелниот унгарски премиер Виктор Орбан првпат ја презеде власта. На претходните парламентарни избори во Унгарија во 2022 година, излезноста до 13 часот изнесуваше 40 проценти.

