Утрински Весник
Македонија

Силјановска-Давкова: Вапцањето јајца е повеќе од традиција – тоа е семејна блискост

Davkova jajca.avif.avif.avif

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова упати порака до граѓаните по повод Велигден, нагласувајќи ја симболиката на традиционалните обичаи и нивното значење за заедништвото и духовноста.

Во својата објава, таа истакна дека боите со кои се вапцаат велигденските јајца претставуваат израз на животот што победува и на надежта што постојано се обновува. Според неа, овој чин не е само дел од традицијата, туку и можност за зајакнување на семејните врски и заедничка духовна подготовка за празникот.


Силјановска-Давкова посочи дека токму ваквите моменти на блискост и сплотеност ја отсликуваат суштината на празнувањето, повикувајќи на достоинство, смирение и љубов во пресрет на Христовото воскресение.

Таа ја заврши пораката со нагласување дека Велигден е време кога верниците со вера и надеж го очекуваат најголемиот христијански празник, носејќи пораки за обнова, мир и духовна сила.

Можете да прочитате

16-годишник избоде тинејџер – 24info.mk

Сообраќајот по влажни коловози – 24info.mk

ВЛЕН: Албанците не се алатка. Албанците се закон