Утрински Весник
Македонија

На Велигден ќе имаме вистинска пролет преку денот во Македонија

Meteoalarm.mk 23.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Ден Велигден 12 април 2026, територијата на Македонија ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува  и топла воздушна маса од југ. Во ваква ситуација за овој најголем Христијански празник Воскресение Христово Велигден ќе имаме сончево време и релативно топло со пролетни температури на воздухот. Ќе има  и појава на умерена локална облачност во текот на денот а ќе дува  и слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој навечер во Повардарието ќе засилува на интензитет.


Во Скопје и околината на ден Велигден 12 април 2026 времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност и пролетно топло а ќе дува  и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени. Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушти до околу 5 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 21 степен.

Можете да прочитате

Најстудено утрово на Попова Шапка

Стабилно време до понеделник, од вторник дожд и нестабилност

Пронајдена дрога во Делчево – 24info.mk