Утрински Весник
Свет

Трамп најави нови напади врз Иран доколку преговорите во Пакистан пропаднат

Tramp 1.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војската на САД се подготвува за нови напади врз Иран доколку преговорите што започнуваат во Пакистан не доведат до конечен договор.

Во интервју за „Њујорк пост“, Трамп нагласи дека воените подготовки се во тек и дека американските бродови се опремуваат со најмодерно вооружување.


– Сè започнуваме од почеток. Ги полниме бродовите со најдобрата муниција и со најмоќното оружје некогаш направено. Ако нема договор, ќе ги употребиме многу ефикасно – се закани американскиот претседател.

Претходно, Трамп на својата мрежа „Трут Соушл“ (Truth Social) најави „најмоќен рестарт на светот“. Неговиот потпретседател Џеј-Ди Венс веќе отпатува за Исламабад, каде што утре треба да го предводи американскиот тим на клучните преговори со иранската страна.

Вашингтон и Техеран во вторникот објавија двонеделен прекин на огнот по четириесетдневната војна, во која Трамп претходно се закануваше со целосно уништување на иранската цивилизација. Секое обновување на непријателствата директно би ја загрозило безбедноста на меѓународната пловидба низ Ормуската Теснина

Можете да прочитате

Погодени две руски нафтени платформи во Каспиското Море, тврди Киев

Иранската Црвена полумесечина со биланс за штетите од израелските напади: Погодени стотици болници и училишта

Пекинг и Пјонгјанг потврдија зајакнување на соработката меѓу Кина и Северна Кореја