Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Никој не е сам за Велигден – пакети со храна за семејства во социјален ризик

Image 2026 04 10 131052217.png

Во пресрет на велигденските празници, Општина Центар реализираше хуманитарна акција и подели пакети со основни прехранбени производи на семејства во социјален ризик на својата територија.

Ваквата поддршка не е еднократна, туку дел од континуираните активности на општината, која и во изминатите години редовно обезбедува помош за граѓаните на кои им е најпотребна, особено во пресрет на поголемите празници.


Акцијата има за цел да обезбеди поддршка за најранливите категории граѓани и да придонесе празничните денови да бидат исполнети со достоинство, топлина и грижа за сите.

„Во духот на Велигден – празник на надежта, солидарноста и човечноста, важно е да покажеме дека никој не е сам. Оваа поддршка ја даваме континуирано и ќе продолжиме и во иднина. Како општина, остануваме посветени на помош за граѓаните на кои им е најпотребна”, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Општина Центар и во наредниот период ќе продолжи со реализација на мерки и активности насочени кон подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани, со посебен фокус на социјално ранливите категории.

Можете да прочитате

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Автобусите и Жичницата ќе сообраќаат по неделен ред за Велигден

Аеродром добива нов урбан простор пред Капитол