
Поранешниот премиер и екс-лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, во емисијата Ноќно студио на 4ТВ откри дека постои комуникациски јаз во партиските редови кога станува збор за јавните настапи на пратениците.
На прашањето дали има одобрение од Извршниот одбор на СДСМ за неговото гостување, Ковачевски низ шега појасни дека ги испочитувал процедурите за информирање, но повратна реакција изостанала, објави 4news.mk
„Па ги информирав, но никој не ми врати назад дали може да дојдам или не. Така да, вие веќе најавивте“, изјави Ковачевски низ смеење.
Оваа изјава доаѓа во период кога во СДСМ се актуелни внатрепартиските реформи и реорганизацијата на пратеничката група по промената на раководството.


