Утрински Весник
Македонија

Сведоштва за ужасот во „Пулс“: секунди до спас, хаос и борба за живот

Puls kocani sud policija .jpg

На судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, сведоци опишаа драматични моменти на евакуација по активирање на пиротехника.

Мартин Димитров изјави дека пожарот избувнал околу 2:30 часот и дека за неколку секунди избегале од објектот.


„Ако задоцневме уште малку, немаше да излеземе“, рече тој, додавајќи дека немало противпожарна опрема.

Сведоците посочија дека огнот брзо се проширил, предизвикувајќи паника и стампедо.

Анастасија Илиева рече дека изгубила свест и била спасена преку отвор во ѕидот. Потврдено е и присуство на малолетници.

„Околу 2 часот започна настапот на групата ДНК, а половина час подоцна се активираа пиротехничките средства. Прво мислевме дека е нешто безопасно, но веднаш потоа настана стампедо“, рече Илиева.

Во пожарот загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Судењето продолжува со сослушување сведоци.

Можете да прочитате

Димовски за 4ТВ: Компаниите подготвуваат стратегии за справување со глобалните економски притисоци

Запре заемот за автопатот Кичево–Охрид

(Фото) Мотоциклист настрада во центарот на Скопје