Утрински Весник
Македонија

Апелација ќе одлучува за доживотните казни за убиствата на Вања и Панче

Vanja Gjorcevska Pance Zezovski 960x552 1 1.jpg

На јавна седница Апелацискиот суд во Скопје денеска ќе одлучува по поднесените жалби на првостепената пресуда за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес со која Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев беа осудени на доживотен затвор.

Предметот е во второстепена постапка по жалбите поднесени од одбраната и од Основното јавно обвинителство, кое се жали во делот на ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, како и за второто дело на обвинетите. 


Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни 2025 година ги осуди Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев на доживотен затвор за кривичните дела грабнување и свирепо убиство на двете жртви, додека Александар Ѓорчевски беше ослободен од обвинението поради недостиг на докази. 

Според обвинението, обвинетите заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило за да го користат за грабнување на девојчето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Можете да прочитате

Родителите од Кочани: Ја чекаме вистината од токсиколошките анализи!

Одложено рочиштето за убиствата на Вања и Панче – Видевски на болничко лекување

ВЕЛИКИ ПЕТОК 2026: Наутро ладно и слаб мраз, преку ден сончево