Утрински Весник
Скопје

Универзална сала почнува да се гради

Image 2026 04 08 200356074.png

Конечно, Универзална сала почнува да се гради, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„По долгите години чекање, симболот на солидарноста и културниот идентитет на Скопје, Универзална сала, повторно оживува.


Започнува изградбата на објектот кој е сведоштво за духот на градот, за неговата истрајност и љубов кон културата.

Проектот ќе се реализира по принципот „клуч на рака“, а реконструкцијата е предвидено да заврши до декември 2027 година.

Ова е еден од клучните проекти во подготовките на Скопје за носење на престижната титула Европска престолнина на културата 2028 – признание што го става нашиот град на културната мапа на Европа.

Со новиот лик на Универзална сала, Скопје ќе добие современ, функционален и репрезентативен културен храм, место каде ќе се создаваат спомени, ќе се негува уметноста и ќе се слави креативноста.

Театар, концерти, фестивали и големи културни настани ќе добијат дом достоен за нивната вредност.

Универзална сала е симбол на солидарноста по катастрофалниот земјотрес, место каде генерации скопјани ги доживеале своите најубави културни моменти.

Нејзиното обновување значи враќање на душата на градот и создавање мост помеѓу минатото и иднината.

Посебна благодарност до Премиерот Христијан Мицкоски за огромната поддршка и посветеност во реализацијата на овој значаен проект, како и до министерот за култура Зоран Љутков.

Продолжуваме да градиме, за Скопје какво што го заслужуваме“, напиша Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Меџити: Над 40 домаќинства добиваат приклучок на водоводната мрежа на улицата „Аврам Писевски“

Превенцијата не смее да биде привилегија: Бесплатни прегледи по повод Светскиот ден на здравјето

Министерство за култура: Универзална сала почнува да се гради