Утрински Весник
Свет

Ердоган и Трамп разговараа за примирјето на Блискиот Исток

Erdogan.webp.webp

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп, при што двајцата ја разгледаа актуелната состојба на Блискиот Исток, со фокус на синоќа објавеното привремено примирје меѓу Вашингтон и Техеран.

За време на разговорот, Ердоган го изрази своето задоволство од договорот меѓу САД и Иран и нагласи дека двенeделниот „прозорец на можности“, што се отвори по 40 денови полни со предизвици за целиот свет, мора да биде искористен за постигнување траен мир.


Турскиот претседател предупреди дека не смее да се дозволи никаквa саботажа на овој мировен процес, пренесува Анадолија.

Ердоган, исто така, потенцираше дека поддршката на Анкара за изнаоѓање излез од кризата на Блискиот Исток, во координација со „пријателските и братски земји, особено Пакистан“, ќе продолжи да се зголемува.

Разговорот доаѓа во критичен момент по повторното отворање на стратешката Ормуска Теснина за меѓународен сообраќај.

Можете да прочитате

Хорор во Италија: Татко двапати го избодел својот 12-годишен син во градите

Белгија: Неколку лица загинаа во судир меѓу училиштен автобус и воз

Иран ги предупреди САД за кршење на прекинот на огнот