Утрински Весник
Македонија

Марјановиќ: Довербата во онкологијата е урната – пациентите бараат дополнителни проверки и анализи

Img 1644.jpeg

Последиците од скандалот во онкологијата сè уште силно се чувствуваат, а најголемиот проблем е нарушената доверба кај пациентите, истакна Ана Марјановиќ од „Хемаонко“ во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Според неа, враќањето на довербата е долг и тежок процес, особено по информациите дека дел од пациентите не добивале соодветна терапија.


„Изгубената доверба е нешто што најтешко се враќа. Пациентите беа излезени од доверба кога се објавија информации дека дел добивале, дел не добивале терапија. Денес системот нуди надеж, но пациентите сè уште бараат дополнителни испитувања поради недоверба“, изјави Марјановиќ.

Таа објасни дека иако Клиниката за онкологија работи според европски протоколи, тие сè уште не се официјално усвоени од државата, што дополнително ја комплицира ситуацијата и го успорува враќањето на довербата.

„Пациентите мислат дека треба постојано да прават скенови и тумор маркери, но реалноста е дека во светот, по завршување на болеста, тие не се прават толку често. Кај нас тоа се прави поради недоверба во системот“, посочи таа.

Марјановиќ нагласи дека проблемот е поширок и не се однесува само на онкологијата, туку на целокупниот здравствен систем, каде граѓаните имаат сериозна резерва кон институциите.

Таа заклучи дека за да се врати довербата, потребни се јасни, официјални и стабилни протоколи, како и време и доследност во нивната примена.

Можете да прочитате

Велев: Пациенти со дијабетес со месеци без терапија и сензори!

Марјановиќ: Онкологијата во хаос – нема регистар, нема систем, пациентите оставени сами на себе

Кузмановска: Пациентите прифаќаат бубрег и црн дроб но одбиваат трансплантација на срце