Утрински Весник
Македонија

Муцунски ја предводи владината делегација која учествува на втората сесија на Стратешкиот дијалог меѓу двете земји

Photo 2026 04 07 20 20 58 2.jpg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ја предводи владината делегација која учествува на втората сесија на Стратешкиот дијалог меѓу двете земји, која беше отворена заедно со Брендан Ханрахан, висок претставник на Бирото за европски и евроазиски прашања при Стејт департментот.

Република Северна Македонија е прва земја од Европа која во Вашингтон реализира сесија на Стратешкиот дијалог во мандатот на оваа администрација.


Стратешкиот дијалог во Вашингтон претставува важна платформа за унапредување на билатералната соработка во клучни области и потврда за долгогодишното сојузништво и силното стратешко партнерство меѓу двете земји.

Со оваа нова сесија на Стратешкиот дијалог, Северна Македонија и Соединетите Американски Држави внесуваат нов импулс за натамошно продлабочување и надградба на билатералното партнерство, преку дефинирање јасен патоказ за соработката во периодот што следи. Водени од принципите на заемна корист, предвидливост и долгорочна визија, како и заедничка посветеност кон поширокиот регионален просперитет, разговорите меѓу двете високи делегации беа фокусирани на теми од областа на одбраната и безбедноста, енергетиката, економската соработка, трговијата и инвестициите, културната соработка, како и прашања од глобален и регионален контекст.

Во рамки на работната посета на Вашингтон, по повод втората сесија на Стратешкиот дијалог меѓу владите на Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, министерот Муцунски оствари билатерална средба со заменик-државниот секретар Кристофер Ландау.

На средбата беше реафирмирана заедничката определба за негување трајно партнерство меѓу двете земји, засновано на заложби за безбедност, слобода и демократски просперитет. Соговорниците констатираа дека одржаната нова сесија на Стратешкиот дијалог претставува значаен исчекор во натамошното унапредување на билатералните односи и стратешкото партнерство.

Заеднички приоритет во наредниот период ќе биде ставен на операционализацијата на стратешкото партнерство, при што беа идентификувани конкретни и проширени форми на соработка во суштински области од заеднички интерес, во корист на граѓаните на двете земји.

На средбата, меѓу другото, стана збор и за соработката во рамки на НАТО Алијансата, зајакнувањето на билатералната економска соработка по усогласувањето на рамката за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија во февруари 2026 година, за енергетската безбедност, потребата од диверзификација на енергетските извори и зајакнувањето на регионалната поврзаност.

Разменети беа и мислења за состојбите во регионот на Западен Балкан и процесот на европска интеграција. Воедно, министерот Муцунски истакна дека од особена важност за регионот, особено во контекст на актуелните глобални безбедносни предизвици, е континуираното присуство и ангажман на Соединетите Американски Држави, како клучен фактор и гаранција за регионалната стабилност.

Можете да прочитате

Марјановиќ: Довербата во онкологијата е урната – пациентите бараат дополнителни проверки и анализи

Велев: Пациенти со дијабетес со месеци без терапија и сензори!

Марјановиќ: Онкологијата во хаос – нема регистар, нема систем, пациентите оставени сами на себе