Утрински Весник
Свет

Швајцарија нуди плати до 10.000 евра: 20.000 слободни работни места!

Evra.webp.webp

Швајцарија и понатаму се вбројува меѓу најатрактивните европски дестинации за работа, со илјадници отворени позиции и плати кои во многу случаи достигнуваат или надминуваат 6.500 евра месечно. Во одредени сектори, како што се финансиите и информатичката технологија, примањата можат да бидат значително повисоки.

Според податоците на EURES, во земјата моментално има околу 20.000 слободни работни места, што укажува на континуирана потреба од квалификуван кадар. Најголем недостиг има во здравството, индустријата, градежништвото и техничките професии, што се поврзува со стареењето на населението и стабилниот економски раст.


Особено се бараат лекари-специјалисти, медицински сестри, како и технички кадар како машински оператори, металурзи и различни видови техничари. Овие можности најчесто се концентрирани во региони како Цирих, централна и северозападна Швајцарија.

И покрај високите плати – со просек од околу 7.400 евра месечно, а во ИТ секторот и над 9.700 евра – вработувањето не е едноставно. Потребни се соодветни квалификации, работно искуство, како и познавање на локалните јазици, зависно од регионот. Дополнително, кандидатите мора да ги исполнат и условите за добивање дозвола за престој и работа.

Иако можностите се бројни, експертите предупредуваат дека успехот на швајцарскиот пазар на труд бара сериозна подготовка и конкурентност.

Можете да прочитате

Амбасадата на САД во Бахреин ги повикува граѓаните да останат во засолништа

ЕУ без коментар за заканите на Трамп

Нетанјаху: Израел нападна железнички линии и мостови во Иран