Утрински Весник
Македонија

Измамен тетовец, останал и без пари и без работна виза за Германија

Policija.webp.webp

На 06.04.2026 во 15:10 часот во СВР Тетово, 33-годишен маж од Тетово пријави дека бил измамен од С.Ѓ. од Охрид, вработена во приватна фирма за консталтинг.

Според пријавеното, кон крајот на 2024 година стапил во контакт со пријавената за посредување за добивање германска работна виза, при што на 01.11.2024 на сметката на фирмата уплатил 24.520 денари.


Како што е пријавено, иако му било ветено дека визата ќе биде готова во рок од три месеци, до денот на пријавувањето работата не била завршена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол