Утрински Весник
Македонија

Апелација ја укина пресудата против Лидија Димова

20230202102633 big 730x400 84.webp.webp

Апелационен суд Скопје ја укина првостепената пресуда против Лидија Димова, поранешна директорка на Еразмус, и предметот го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје. Од Судот наведуваат дека во првостепената пресуда нејасно е за кои дејствија е винова Димова, а за кои дејствија е ослободена.

„Апелациониот суд Скопје информира дека, по одржана јавна седница на 11.03.2026 година, донесе одлука со која ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје и на обвинетата Л.Д. од С. По повод жалбите и по службена должност, пресудата на Основниот кривичен суд Скопје во обжалениот осудителен дел и во обжалениот ослободителен дел од изреката е укината поради сторена суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка во поглед на фактите што ги чинат обележјата на предметните кривични дела кои и се ставаат на товар на обвинетата, со што со првостепената одлука е нејасно за кои дејствија обвинетата Л.Д. од С. е огласена виновна, а за кои дејствија е ослободена од обвиненијата“, соопштија од Судот.


Претходно, Основниот кривичен суд ја осуди Димова на две години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување, како и обврска да надомести штета од 22,7 милиони денари на Националната агенција за образование

Можете да прочитате

Божиновска во Вашингтон: Средба со „Chevron“

Се подготвува нова стратегија за борба против родово и семејно насилство

Врсничко насилство во Ѓорче Петров