
По повод Светски ден на здравјето, вечерва во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV ќе се отвори една од најважните теми за граѓаните – состојбата во македонското здравство.
Под мотото за еднаквост и подобра здравствена заштита, емисијата ќе донесе директна дебата помеѓу институциите и здруженијата на пациенти, со цел да се слушнат реалните проблеми и да се побараат конкретни решенија.
Гости во студиото се:
- Сашо Клековски – директор на ФЗО
- Билјана Кузмановска – национален координатор за трансплантација
- Ана Марјановиќ – „Хемаонко“
- Димче Велев – Сојуз на здруженија на лица со дијабетес
Во фокусот ќе бидат прашања поврзани со достапноста на здравствени услуги, третманот на пациентите, терапиите, како и системските слабости со кои се соочува здравството.
Од 4тв.мк најавуваат динамична и отворена дебата во која ќе се соочат ставовите на институциите и граѓанските организации.
Бидете со нас вечерва на 4TV.mk – здравјето пред сè!

