Утрински Весник
Магазин

Меѓународниот саем за туризам ќе се одржи на средината на месецов на планината Качкар во Турција

Photo kackar 2.jpg

Средината на април е резервирана за уште еден престижен туристички настан во Туркије. На 17 и 18 овој месец ќе се одржи Меѓународниот саем за туризам Качкар во истоимениот планински масив во провинцијата Ризе, со поддршка на Министерството за култура и туризам и Агенцијата за промоција и развој на туризмот на Туркије (ТГА).

Овој саем ги претвора планините Качкар во светски центар на туристичката мапа. Како врвен туристички настан во регионот, годинава саемот оди чекор подалеку од класична изложба, организирајќи панели, конференции и работилници, каде учесниците ќе ги истражуваат новите туристички трендови и ќе се поврзуваат за нова соработка. Оваа година се очекува саемот да собере над 1.000 претставници од индустријата и над 3.000 посетители во Чајниот базар во Ризе.


Планините Качкар, лоцирани во северниот Црноморски регион на Туркије, се една од највпечатливите дестинации за истражување на природата, во текот на сите четири годишни времиња. Затоа и се погодни да бидат домаќини на реномирани меѓународни настани, како што е планинскиот ултра маратон KAÇKAR BY UTMB, кој минатата година за прв пат беше успешно лансиран од организаторите, а новото издание за 2026 година ќе се одржи во Ризе во септември оваа година.

Планините Качкар се познати по бројните патеки погодни за љубителите на природата и авантуристите, по вкоренетата историја и богатата гастрономска култура. Во овој регион се сместени повеќе од 50 планински езера, длабоки долини, бујни шуми во сите нијанси на зелена боја, како и брзи планински реки, што создава можности за одржлив туризам. Во масивот е највисок врвот Качкар, кој се издигнува на 3.937 метри, а неговата атрактивност дополнително ја зголемуваат можностите за пешачење, планинарење, возење велосипед, набљудување ретки животински видови, како и фотографирање на спектакуларни пејзажи. Во зима, пак, планините Качкар стануваат врвна дестинација за скијање, сноуборд, како и хели-скијање, вид екстремен зимски спорт каде што скијачите се носат со хеликоптер до врвот на планината, наместо да користат ски-лифтови.

Посетителите на планините можат да престојуваат и во еко-сместувања, да се запознаат со автентичниот локален начин на живот и да истражуваат бројни историски споменици. Зачуваните јазици и традиционалните занаети на локалните заедници во овие планински предели, заедно со звуците на тулумот (гајда) и ритмичкиот танц хорон се интересни за посетителите, исто како и планинските фестивали и прославите на бербата на чај. Висорамнините на Качкар се сметаат и за одлична велнес дестинација, бидејќи природата и свежиот планински воздух создаваат идеални услови за одмор и рехабилитација, а туристите имаат на располагање и традиционални, и современи велнес практики. Термалните извори во Ајдер, пак, нудат природно лекување и релаксација. Храната е позната по органскиот мед, лековитите планински билки, познатиот чај, како и свежите морски плодови.

Можете да прочитате

Граѓанска наука во служба на природата: Мобилна апликација за следење и истражување на пеликаните

Македонските тимовина СТЕМ Академија со врвни резултати на Светската олимпијада за роботика во Грција

Свето Благовештение (Благовец) – 24info.mk