
Популарната пејачка Дуа Липа и британскиот актер Калум Тарнер веќе некое време уживаат во стабилна и хармонична врска, а според најновите информации, парот е подготвен да направи следен голем чекор венчавка.
Според извор за The Sun, Дуа и Калум планираат да стапат во брак ова лето, пред пејачката да наполни 31 година. Наместо раскошна и медиумски експонирана церемонија, тие се одлучиле за интимна свадба, во кругот на најблиските луѓе.
Двојката веќе разгледувала неколку дискретни локации, меѓу кои се издвојуваат романтични места во Италија и Велика Британија, каде би можеле да го кажат судбоносното „да“.
„Тие ја планираат својата свадба, но деталите строго се чуваат во тајност. Станува збор за церемонија која ќе биде резервирана само за семејството и најблиските пријатели. Нема да има голем спектакл, туку интимна атмосфера со внимателно избран круг на гости“, открил извор близок до парот.
Гласините за нивната врска започнаа на почетокот на 2024 година, а веќе во 2025 година Дуа јавно потврди дека се свршиле. Тогаш таа искрено проговори за нивната љубов.
„Одлуката да остариме заедно, да го делиме животот и да бидеме најдобри пријатели засекогаш е навистина посебно чувство“, изјави пејачката.
Се чини дека една од најпознатите љубовни приказни на светската сцена наскоро ќе добие и официјален епилог со свадба далеку од очите на јавноста, но исполнета со искрени емоции.


