Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски: Чекор поблиску до првата подземна сообраќајница во Скопје

Orce gjorgjievski 2.jpg

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, објави дека работите на првата фаза од булеварот „Македонија“ напредуваат со планираната динамика.

Овој проект е клучен дел од инфраструктурното поврзување на градот, со фокус на изградбата на првата подземна сообраќајница во Скопје, која треба значително да го растовари сообраќајниот метеж во овој дел од градот.


„Булевар ‘Македонија’, прва фаза. Чекор поблиску до првата подземна сообраќајница. Скопје го правиме заедно. По скопски!“, истакна Ѓорѓиевски во својата објава.

Проектот се смета за еден од најкомплексните во главниот град, а реализацијата на првата фаза е неопходен чекор за конечното оформување на овој модерен сообраќаен коридор.

Можете да прочитате

Меџити: Швајцарија останува важен партнер на европскиот пат на државата

СДСМ: Бараме предвремени локални избори во Карпош

„Тоа се лични моменти“ рече Мицкоски за боледувањето на Лукровски