Утрински Весник
Македонија

Скандал во Куманово: Деца пееле песна за градоначалник на училишен настан

Screenshot 2026 04 06 155505.jpg

Настан организиран во училишен двор во Куманово, првично најавен како велигденски хуманитарен концерт, предизвика бурни реакции во јавноста откако на социјалните мрежи се појави видео на кое деца во хор изведуваат песна посветена на градоначалникот Максим Димитриевски.

На снимката се гледа како голем број ученици заедно пеат, при што особено гласно се извикува името на градоначалникот. Видеото беше споделено од поранешниот технички премиер и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој јавно реагираше на случувањето.


Спасовски оцени дека ваквите активности претставуваат недозволива злоупотреба на деца за политички цели.

„Злоупотреба на деца за политичка промоција е недозволива и срамна. Училиштето мора да биде место за образование и вредности, а не простор за политички кампањи“, порача тој, додавајќи дека граѓаните знаат да препознаат кога се преминува границата.

Настанот се одржал во дворот на основното училиште „Кочо Рацин“ во Куманово и бил најавен како „голем велигденски хуманитарен концерт“. Според најавите, програмата вклучувала настапи на ученици, танцови групи, како и гостувања на музички изведувачи.

Организаторите, меѓу кои Советот на родители на училиштето, посочиле дека целта на настанот била собирање средства за ученици од социјално загрозени семејства. Средствата се обезбедувале преку доброволни донации, со намера да се поддржат хуманитарни цели.

Сепак, содржината на настанот отвори дилеми во јавноста за границата помеѓу хуманитарни активности и евентуална политичка промоција, особено кога во нив учествуваат деца.

Можете да прочитате

ЗНАМ демантира дека децата биле „принудени“ да ја пејат песната за Максим Димитриевски која стана вирална за изборите

Алармантен раст на алергиите во Куманово: Како да ги препознаете симптомите и да избегнете компликации?

Министерство за правда: Протестот на студентите е обид за политичка манипулација и етничка реторика