Утрински Весник
Македонија

Додека Мицкоски „ќе чека со децении за ЕУ“ Софија тврди дека „Бугарија и Македонија немаат билатерален спор“

Mk eu.webp.webp

Зошто владата на премиерот Христијан Мицкоски упорно бега од решение кое ќе значи продолжување на европскиот пат на Македонија?

Ова прашање логично се поставува кога ќе се видат последните пораки од официјална Софија поврзани со односите со Македонија.


Илијана Јотова претседателка на Бугарија, испрати јасна порака дека „Бугарија и Северна Македонија немаат билатерален спор“, туку дека Владата во Скопје треба да ги исполни преземените обврски и обврските од преговарачката рамка .

Пораката од Софија може да се причита многу јасно: доколку Македонија ги исполни условите, нема дополнителни пречки – бидејќи тие услови се веќе дел од европската рамка, а не нови билатерални барања.

Прашањето не е билатерално туку е прашање за ЕУ. Европски критериум за членство во ЕУ е заштита на граѓанските права на малцинствата.

Овие ставови доаѓаат во контекст на тврдата реторика на премиерот Христијан Мицкоски, кој во повеќе наврати изјавува дека државата е „подготвена да чека и децении“ за членство во ЕУ, како и дека „нема милиметар да се помрдне“ по однос на уставните измени.

ВМРО-ДПМНЕ ја префрла вината

Наместо да ги исполнува обврските од преговарачката рамка, ВМРО-ДПМНЕ води кампања за да го оправда сопственото одолговлекување и да ја префрли вината врз други, ЕУ и Бугарија.

Тоа, судејќи по коментарите на бугарските власти, се гледа и од Софија

Заменик-министерот за надворешни работи на Бугарија пак, Марин Рајков рече дека премиерот „им го троши времето на граѓаните“ во Македонија, алудирајќи дека одолговлекувањето на процесот.

„Слушајќи ги изјавите на премиерот Мицкоски во последните денови дека нема да дозволи со децении да се исполнат условите што би можеле да отворат преговори за членство, имено промената на Уставот разбирам дека одредени кругови во Македонија се посклони да губат повеќе време на македонските граѓани“, изјави Рајков.

Тој нагласи дека проблемот не е билатерален меѓу Софија и Скопје, туку дека Северна Македонија не ги исполнува обврските кон ЕУ. „Тврдењето дека постои билатерален проблем меѓу Бугарија и Македонија е крајно манипулативно.

Синхронизираните пораки од Софија – и од претседателката и од владините претставници – укажуваат на ист заклучок: процесот не е блокиран поради нови барања, туку поради недостиг на политичка волја кај Мицкоски да ги реализира реформите и чекорите за продолжување на европскиот пат на Македонија.

Оттука, критиките кон владата на Мицкоски се зошто се прави намерен конфликт – наместо да се работи на решение и напредок кон Европската Унија? Зошто се избира конфронтација со соседите и реторика на „мекотели“, со што свесно се продлабочува изолацијата на државата и се пропуштаат нови шанси за европска интеграција.

И додека Мицкоски ветува „децении чекање“ македонските граѓани остануваат надвор од ЕУ и тој проблем ќе станува се потежок.

Додека земјите од регионот одат напред, македонската држава останува лишена од парите од европските фондови, од нови инвестиции, а македонските граѓани од слободно движење, работа и инвестирање во земјите од ЕУ.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Митовите за Ахмети се рушат како кула од карти

Мицкоски: Во мај-јуни ќе се посветиме на кадровски промени и рокади, дотогаш имаме внатрепартиско реструктурирање

Нема толеранција за тие што го сакатат високото образование, порача Мицкоски