Утрински Весник
Македонија

Дел од христијанските верници денска го слават Велигден

Veligden.jpg

Верниците на Римокатоличката црква и другите западни цркви го слават најголемиот христијански празник – воскресението на Исус Христос, празник што ја симболизира победата на животот над смртта.

Дел од православните христијани ширум светот кои припаѓаат на црквите од западен обред денес го слават најголемиот христијански празник – воскресението на Исус Христос.


Воскресението на Синот Божји е темел на христијанската вера, обнова на животот, симбол на неуништливоста на духот врз кој почива верата во Бога.

Според христијанското верување, Христос воскреснал на третиот ден по неговата смрт. Според евангелијата, настанот се случил на гробот на Исус, а добрата вест им ја објавил на жените мироносици архангелот Гавриил.

Празникот започнува со присуство на свечена служба, која нè потсетува дека Исус Христос, Месијата, кој се отелотвори од Светиот Дух и Дева Марија и стана човек, дојде во овој земен живот за да го спаси целиот човечки род од гревот преку својата жртва на крстот, а потоа воскресна од мртвите.

Вообичаено е верниците да носат велигденски јајца и храна на велигденската миса, кои потоа свештеникот ги благословува.

Можете да прочитате

Јаневска: Годинава и електронски и печатени свидетелства за прво, второ и трето одделение

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3

Сојузот на здруженија на лица со дијабетес бара итно зголемување на термините и подобра достапност до специјалистички прегледи