Утрински Весник
Скопје

Денеска затворен за сообраќај потегот од Стара рампа до Црвен крст

Gradeznici.webp.webp

Денеска од раните утрински часови, поради градежни активности, целосно е затворен за сообраќај дел од булеварот „Македонија“, информираат од Град Скопје.

Станува збор за потегот од Стара Рампа во Кисела Вода до семафорите кај Црвениот Крст, каде ќе се изведуваат работи за поставување на завршниот слој на коловозот, во рамки на првата фаза од проектот.


Од Град Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да покажат разбирање и трпение, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да користат алтернативни правци за движење.

Според надлежните, со реализацијата на оваа фаза се очекува значително подобрување на проточноста на сообраќајот, намалување на метежот и побезбедно движење по нов, современ коловоз.

Воедно, со целосната реализација на проектот, Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница, што, како што посочуваат од Градот, претставува важен чекор кон модернизација на сообраќајната инфраструктура.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост