
Вооружени полицајци кои го обезбедуваат градоначалникот на Лондон, Садик Кан, „оставиле“ торба со оружје пред неговиот дом, која ја пронашол еден граѓанин, јави ДПА.
Еден маж изјави дека неговата девојка ја пронашла торбата на улица покрај тротоарот во јужен Лондон во вторникот вечерта.
Внатре во торбата имало полуавтоматска карабина MP5 Heckler & Koch, пиштол Glock, тазер и муниција, објави весникот „The Sun“.
Грифитс рече дека бил во „шок“ откако открил што има внатре.
„Не можев да им верувам на своите очи и направив неколку фотографии како доказ за она што го најдовме. Ја повикав полицијата и им кажав што најдов и за неколку минути се појавија да го земат оружјето. Кога пристигнаа, беа навистина шикирани. Внимателно ја прегледаа торбата и брзо ги однесоа. Ми беше кажано дека таму ги оставил еден од безбедносните службеници на Садик Кан, што имаше смисла бидејќи тој живее тука, изјави тој.
Дирекцијата за професионални стандарди на Метрополитен полицијата истражува што се случило и пет полицајци се отстранети од должностите на првата линија.
Во рок од седум минути од повикот до полицијата, полицајците пристигнале на местото на настанот и безбедно ги вратиле предметите.
„Итно ги разгледуваме околностите на овој инцидент и ја препознаваме загриженоста што може да ја предизвика. Во оваа фаза се верува дека торбата била изгубена од дежурни службеници кратко време пред граѓанинот да ја пронајде. Ја препознаваме загриженоста што може да ја предизвика ова и веднаш беше започната внатрешна проверка на околностите“, изјавија од полциијата.
Портпарол на Садик изјави: „Ова е многу сериозен инцидент, кој е упатен до Дирекцијата за професионални стандарди на Метрополитен полицијата.“ Метрополитенската полиција сега мора да преземе сите чекори за да се осигури дека ваков инцидент никогаш повеќе нема да се случи.“

