
Соопштение на СДСМ:
Цените на храната во Македонија и понатаму растат а Владата на Мицкоски не презема никави мерки.
Чекањето е директен удар врз стандардот на граѓаните кои едвај врзвуваат крај со крај.
Секое одење во маркет е нов удар врз семејниот буџет. Лебот поскапува, цените на зејтинот, млекото, јајцата, овошјето и зеленчукот веќе се зголемени, а платите не го следат тој раст.
Во вакви услови, секоја одговорна влада би презела итни мерки – би интервенирала за стабилизација на цените, би ги заштитила граѓаните и би го зајакнала домашното производство.
Но Владата на Христијан Мицкоски не прави ништо.
Високите цени на светските берзи на нафтата најавуваат дека поскапувања допрва ќе има.
Секое одложување значи нови поскапувања, поголема сиромаштија и дополнителен удар врз стандардот.
Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) објави дека на глобално ниво цените на храната растат втор месец по ред и дека индексот на житарките е зголемен и до 5%.
Македонија е увозно зависна земја и не ги покрива во целост потребите од сопствено производство. Тоа значи дека нов бран поскапувања е неминовен.
СДСМ бара итни и конкретни мерки за заштита на животниот стандард и стабилизација на цените.
Празните џеботи на граѓаните и празните фрижидери не може да чекаат.

