Утрински Весник
Балкан

Бугарија уништува над 800 килограми путер

Bugarija 1.jpg

Поради присуство на немлечни масти во путер во Бугарија ќе се уништи 824 килограми од овој производ. Одлуката е донесена бидејќи ова е во директна спротивност со законските регулативи за квалитет и безбедност на храната.

Бугарската агенција за безбедност на храна утврди дека производот содржел масти од растително потекло кои не биле соодветно декларирани. Покрај уништувањето на путерот, Агенцијата презеде и дополнителни законски чекори против прекршителот.


„За констатираните недоследности и присуството на немлечни масти, на правното лице му е изречена парична казна (прекршочна санкција), а целиот контингент од 824 килограми е повлечен од пазарот и испратен на уништување во екарисаж,“ соопштуваат од БАБХ.

Можете да прочитате

Земјотрес од 4.7 степени во Грција

Вучиќ ќе цели кон премиерската функција?

Амбасадата на САД во Тирана со предупредување до американските граѓани во Албанија