Утрински Весник
Македонија

Ловец тешко повреден додека го чистел оружјето

Vozdusna puska r5xwjgcyrozbtt4dfxqv1ejjvklvtnoww1ywueziqo.jpg

На 02.04.2026 околу 16:00  часот во ПС Пробиштип од Итната медицинска помош при  ЈЗУ „Нада Михајлова” во Пробиштип известиле дека кај нив е пријавено дека  во семејниот дом В.Н. го пронашол својот син М.Н.(40) од с.Добрево, пробиштипско, со прострелна рана. 

Извршен е увид и службени разговори со таткото и братот на повредениот, по чие кажување М.Н. истиот ден на мeсто викано „Чукар”, атар на с.Марчино, пробиштипско, самиот си нанел прострелна рана со ловечка пушка, додека го чистел оружјето. М.Н. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје за понатамошно лекување. Од лице место е подигната ловечка пушка и патрони.


За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација 

Лимани ги посети дневните центри „Во Мојот Свет” и „Блу Пазл”: Продолжуваме посветени на унапредување на социјалните услуги и развој на инклузивни политики

За еден ден приведени 10 возачи