Утрински Весник
Македонија

Се запали возило во Влае

30a89d34 5cb3 43ec b189 3699a6a2144f.jpeg

Драматична сцена попладнево во скопската населба Влае, каде што опожарено возило беше забележано на кружниот тек на булеварот „Партизански одреди“, во правец кон Ѓорче Петров.

Според фотографиите што пристигнаа до редакцијата, возилото целосно изгорело и е оставено на тротоарот, додека густ црн чад се издигал високо над местото на настанот, предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните.


Засега нема официјални информации за причините за пожарот, ниту дали има повредени лица. Според првичните сознанија, огнот избувнал ненадејно, по што интервенирале надлежните служби.

Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.

Можете да прочитате

Левица: Владата доби пет години за уривање на дивоградбите – Охрид „се спаси” од црната листа на УНЕСКО

Најмногу дожд во Претор – 24info.mk

На ГП „Богородица“ за излез од државава се чека два часа, 30 минути за влез на „Табановце“