Утрински Весник
Македонија

Левица: ДПМНЕ го напумпа квадратот, шурува со урбанистичката мафија и собира проценти

Levica.jpg

Соопштение за јавност на Левица:

Во вчерашното гостување на Телма, Александар Николоски повторно го посочи прстот кон Левица како виновник за растот на цените на квадратот, тврдејќи дека поради нашата ʼхистеријаʼ квадратот ќе достигнел и над 5.000 евра. Ова е чист обид да се замагли реалноста со апсурди алиби за неспособноста на ДПМНЕ да ја раскине врската со урбанистичката мафија.


Го потсетуваме Николоски и јавноста:

Во Македонија секој трет стан е празен. 307.000 станови стојат како бетонски депозити за профит. 
Во исто време, градежната активност расте – одобренијата за висока градба се зголемени од претходната година за 38,5%, а над 27.000 станови се моментално во изградба. 

Значи се гради, и тоа масовно. И покрај тоа – цените одат нагоре. Дополнително, не е точно дека ДПМНЕ на барање на граѓаните, а поради хистеријата создадена од Левица, запрело со ʼурбанизацијаʼ. Јавноста добро памти како неодамна во последен момент, со нерегуларности и крајно нетранспарентно, вмровските градоначалници носеа скандалозни ДУП-ови!

И тука доаѓаме до суштината што Николоски упорно ја избегнува – квадратот не го качува Левица, туку моделот што го инсталираше ДПМНЕ. Модел во кој локацијата и шпекулацијата јадат над половина од цената, а реалната градба е сведена на технички трошок. Модел во кој сопственици на парцели, инвеститори и функционери си делат десетици проценти, додека граѓаните плаќаат како да купуваат злато, а не бетон.

И наместо да се признае тоа, да се раскрстат со нивните другарчиња и роднини од урбанистичката мафија, се пласира приказна дека “не се градело” затоа што народот бил против. Народот не е против домување – народот е против дерегулиран грабеж маскиран како урбанизам! Против ДУП-ови што се туркаат во 5 до 12. Против планови што се кројат по мерка на „наш човек”. Против систем каде јавниот интерес не постои.

Ако веќе сакаме да зборуваме отворено – ДПМНЕ не се бори со кризата за домување, туку ја одржува. Со години ги отвора вратите за приватизација на земјиште, легализација на хаос, дерегулација на пазарот и правилници што се пишуваат по мерка на инвеститорите. Резултатот е очигледен – станови има, ама не за живеење.

Да не се правиме наивни, ова не е „пазар”, туку затворен круг на интереси. Партнери, роднини, блиски бизнис-кругови – сите на истата маса, со ист интерес да нема регулација. Затоа и не постои данок на празни станови, затоа нема ограничување на концентрација на сопственост, затоа нема сериозна јавна станбена политика, затоа државата не конкурира со изградба на станови. Затоа што регулацијата би удрила директно во тие интереси.

Во меѓувреме, граѓаните се туркаат во кирија и закупите за една година пораснаа за 17%. Тоа е реалната “урбанизација” што ја нуди ДПМНЕ станови што стојат празни за профит и перење пари наспроти луѓе што плаќаат кирија за преживување. Систем што произведува станови, но не произведува домување.

И кога ќе се отвори прашањето за ред, за регулација, за јавен интерес, одеднаш проблем станува “хистеријата”. Не, проблемот е што некој конечно го именува хаосот. Проблемот е што некој бара да се воведе правило таму каде што сега владее договор меѓу малкумина.

Во државите што навистина имаат функционална станбена политика, државата не е статист, туку активен играч. Во Холандија 30% од станбениот фонд е социјален, во Австрија зависно од градот достигнува и 40–60%, Франција 17%, Германија има 5-7%, а Македонија 0,5%! Ова е уште еден доказ дека не е ʼхистеријатаʼ на Левица и граѓанит епроблем, туку станува збор за свесна политичка одлука да се напушти јавниот интерес и домувањето да се остави на милост и немилост на пазарот и профитните кругови

Можете да прочитате

Полицаец тешко повреден во сообраќајна несреќа со службено возило

Жерновски: Лажеше за името, сега лаже за ЕУ – Мицкоски ја краде иднината на младите

АРМ објави оглас за 300 нови војници