Утрински Весник
Македонија

Средба на Муцунски со францускиот министер делегиран за Европа, Бенџамин Адад

1.jpeg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Париз, Франција, оствари средба со министерот делегиран за Европа, Бенџамин Адад.

На средбата стана збор за натамошно унапредување на билатералните односи, продлабочување на политичкиот дијалог и зајакнување на соработката на владино ниво, со посебен фокус на економската соработка.


Министерот Муцунски нагласи дека европската интеграција е приоритет на Владата, која е силно посветена на спроведувањето на Реформската агенда. Воедно истакна дека, заедно со Планот за раст, тие претставуваат клучни процеси за напредокот на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија.

Двајцата министри се согласија дека е неопходно забрзување на процесот на евроинтеграција и дека истиот треба да биде заснован на мерит-систем. Притоа ја нагласија и улогата на Република Северна Македонија како фактор на безбедност и стабилност во регионот, а стана збор и за актуелни регионални, европски и глобални прашања.

Во рамки на посетата на Париз, министерот Муцунски оствари средба и со советниците на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, задолжени за континентална Европа и Турција, како и за Европа, Бертран Бушвалтер и Алексис Дутертр. На средбата беа разменети мислења за евроинтегративниот процес и актуелните случувања во регионот и во Европа.

Воедно, министерот се сретна и со директорот на Националниот институт за јавни служби на Француската Република (INSP), Жером Филипини, при што беше потпишана Декларација за намери помеѓу Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија и Националниот институт за јавни служби (INSP). Со тоа се отвораат нови можности за соработка во обуката и професионалниот развој на високи државни службеници и дипломати.

Можете да прочитате

Жерновски: Лажеше за името, сега лаже за ЕУ – Мицкоски ја краде иднината на младите

АРМ објави оглас за 300 нови војници

Училиштето знаело за семејното насилство врз Ивана уште од првиот училишен ден