Утрински Весник
Македонија

Вработен во МВР, возел во спротивна насока, па му се заканувал на полициски службеник

Policija.jpg

На 01.04.2026 полициски службеници го приведоа С.Р. (45), вработен во Секторот за општи и заеднички работи на МВР. При вршење на физичка регулација на сообраќајот на крстосницата од ул. „Јордан Мијалков“ со ул. „Димче Мирчев“ во Скопје, полициски службеник од СВР Скопје запрел патничко возило „мерцедес“, управувано од С.Р., кој се движел во спротивна насока и воедно претекнувал колона на возила.

Откако му бил побаран документ за идентификација, С.Р. се претставил дека е вработен во МВР и рекол дека нема лична карта, по што почнал агресивно да се однесува и да му се заканува на полицискиот службеник.


Од страна на полицискиот службеник, С.Р. е приведен и известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, по што му се поднесени соодветни поднесоци по член 23, став 3, член 54, став 3 и член 86, став 8 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, член 4 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир и Член 15 став 2 од Законот за лична карта.

Можете да прочитате

Две млади девојки се степале во Центар, кај едната полицијата пронашла остар предмет

Филипче: Во најкус рок ќе поднесеме предлог во Собранието за помош на лозарите

Заталкан куршум рани скопјанка во Драчево – погодена во рамото додека била во дворот