Утрински Весник
Свет

Трамп: Сериозно размислувам за повлекување на САД од НАТО

Trampgovor.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за британскиот весник „Дејли телеграф“ изјави дека сериозно ја разгледува можноста за повлекување на САД од НАТО.

Како главна причина за ваквиот чекор Трамп го наведе одбивањето на сојузниците во алијансата да ги поддржат САД во заедничката војна со Израел против Иран. Тој повторно го употреби својот описен термин за НАТО нарекувајќи ја организацијата „тигар од хартија“.


Според весникот, ова е досега најјасниот сигнал дека Белата куќа повеќе не ја смета Европа за сигурен партнер во одбраната. Тензиите ескалираа откога сојузниците го одбија барањето на Трамп за испраќање воени бродови за да се овозможи отворање на Ормуската Теснина, која беше блокирана од Иран како одговор на израелско-американската воена кампања почната на 28 февруари годинава.

Можете да прочитате

СЗО прогласи крај на епидемијата на хантавирус на крузерот „Хондиус“

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи