Утрински Весник
Свет

САД ја отворија амбасадата во Венецуела

Sad ukraina e1764879933813.jpg

Соединетите Американски Држави повторно ја отворија својата амбасада во Венецуела. Овој потег следува по политичките промени на почетокот на јануари, кога администрацијата на американскиот претседател го симна од власт поранешниот претседател Николас Мадуро.

Според американскиот Стејт департмент, амбасадата во Каракас веќе функционира со вообичаени активности. Објектот бил затворен седум години и претрпел значителни оштетувања, поради што биле неопходни обемни поправки, вклучително и чистење од мувла.


Во изминатиот период мал тим американски дипломати, кој бил стациониран во Колумбија, работел во Каракас повеќе од еден месец, но зградата на амбасадата официјално не била отворена сè до сега.

Можете да прочитате

МААЕ пријави три напади со беспилотни летала врз нуклеарната централа Запорожје

Зеленски: САД го информираа Киев за состаноците во Москва

Ново предупредување од опасност од поплави во Непал